Заштитните протоколи за ковид-19 немаа влијание врз гламурот на холивудските ѕвезди, и покрај тоа што актерите со маски на лицата прошетаа на црвениот тепих за време на отворањето на Венецискиот филмски фестивал.

Фестивалот е првиот меѓународен настан од овој тип кој се одржува откако пандемијата на коронавирус ги запре сите случувања во филмската индустрија, објави Си-Ен-Ен.

 

Фестивалот се одржува под строги протоколи во кои се вклучени задолжителното носење маска и редовното мерење на телесната температура, додека секое второ седиште во кино салите ќе биде празно.

Исто така, обожавателите не смеат да се доближат до црвениот тепих. Фотографите кои вообичаено изнајмуваа бродови и чамци за да ги сликаат ѕвездите, сега ќе стојат на строго обележано место во близина на црвениот килим. Годинава, 18 филмови се во трка за наградата „Златен лав“.