Третманот на циркуските животни е една од најголемите критики на модерните циркуски компании и многу луѓе не мислат дека животните треба да бидат принудени да прават изведби за наша забава, пренесува „Њујорк пост“.

Од германскиот циркус „Ронкали“ ги чуле ваквите критики и решиле да направат нешто во врска со тоа. Во циркусот се уште има животни, но тие се висококвалитетни холограми.

Циркусот престанал да чува вистински животни во 2017 година. Одтогаш циркусот почнал да соработува со компанијата „Блубокс“ со цел да инсталира холограмски систем кој ќе ги прикажува животните.

Новите изведби се исто така толку занимливи и интересни како старите кои биле со вистински животни. Единствената разика е тоа што во ваквите изведби, не се повредуваат животните, а посетителите ги гледаат изведбите како кога гледаат филм.