Компанијата БМВ го претстави пред јавноста обновеното лого, без традиционалната црна рамка. Последен пат амблемот беше променет во 1997 година, се наведува на официјалниот сајт на концернот.

„Ново лого за новата ера“, пишува во соопштението на Инстаграм на познатиот германски производител на автомобили.
Потпретседателот на компанијата Јенс Тимер наведе дека БМВ станува бренд на релациите, додека новото лого треба да симболизира отвореност и јасност.
Новиот амблем ќе биде ставен на автомобилот „концепт и 4“.