Музичарот Гаро Тавитјан од неодамна е артист на најголемата компанија во музичката индустрија за тапани и палки во светот „ВИК Фирт“, со седиште во САД. Меѓу ексклузивните артисти на оваа компанија се најголемите и најзначајни тапанари во светот како: Дејв Векл, Вини Колиута, Бади Рич, Чарли Вотс („Ролинг стоунс“), Стиб Гад, Били Кобам, Омар Хаким („Ведер рипорт“),Нико Мекбреин („Ајрон Мејден“), Роџер Тејлор („Дјуран дјуран“), Роџер Медоус („Квин“), Тони Ројстер Јуниор, Џоџо Маер, Ерик Харланд, Нети Смит и други.

– За мене огромна чест е привилегијата да се биде дел од големото семејство на овој светски бренд. Му упатувам голема благодарност на целото мое семејство, особено до мојата мајка за безрезервната поддршка и љубов низ досегашниот 25-годишен музички пат, исполнет со безброј концерти, снимања и патувања. Посебна благодарност упатувам до компанијата „ВИК Фирт“ за објавувањето на видеото што го снимивме специјално за нивниот светски официјален канал – вели Гаро Тавитјан.
Несомнено, со својот талент, но и посветеност на музиката, тој е на добар пат да го надмине својот татко Гарабет Тавитјан, кој важи за еден од најдобрите тапанари на Балканот.