Според мислењето на критичарите од медиумот „Гардијан“, кои составиле листа од 100 најдобри филмски остварувања од 2000 година до денес, најдобриот филм на 21 век е „Ќе има крв“ од 2007 година. За ова чудно ремек-дело на Пол Томас Андерсон, интерпретација на романот на Аптон Синклер од 1927 година, велат дека денес е поактуелен откако кога излегол.

Исто така тие напоменуваат дека ова е една од најдобрите улоги во кариерата на актерот Даниел Деј Луис, кој доби „оскар“ за толкувањето на својот лик. Ликот на Луис, трагачот по нафта, Даниел Плејнвј, „Гардијан“ го споредува со Трамп поради тоа што има несекојдневни работни и социјални потези.

Веднаш по овој филм на листата се наоѓа „Дванаесет години ропство“ од 2013 година.