Режисерката на „Вондер воман“, Пети Џенкинс, и актерката Гал Гадот подготвуваат нов филм „Клеопатра“. Гал Гадот ќе ја глуми легендарната египетска кралица во „Клеопатра“, историската драма во која повторно ќе се соединат со режисерката на „Вондер воман“, Пети Џенкинс.
„Парамаунт пикчрс“ ги има правата за проектот, а според информациите што кружат ги победиле „Епл“, „Јуниверзал“, „Ворнер брос“ и „Нетфликс“. Гадот ќе добие шанса да остави трага на улогата што претходно ја играа Клаутете Колберт и Елизабет Тејлор, глумејќи ја жената што ги заведуваше Јулиј Цезар и Марк Антонио и беше последниот владетел на египетското Птолемејско Царство. Верзијата на Тејлор се покажа толку скапа што „Твенти сенчри фокс“ за малку не банкротира.
Последните години во Холивуд се појавуваа повеќе проекти за Клеопатра, вклучувајќи го и проектот на „Сони“, во кој се шпекулираше дека ќе глумат Анџелина Џоли и Лејди Гага. Останува нејасно што се случи со овие проекти.
Лаета Калогридис, сценаристката на „Шатер Ајленд“, ќе биде авторка на сценариото.
Претседателката на групацијата „Парамаунт моушн пикчрс“, Ема Вотс и претседателот на студиото Џим Џианопулос наводно силно застанале зад проектот „Клеопатра“. Вотс, која на студиото му се приклучи во јуни, има силен ефект во компанијата, а упатените велат дека ги поттикнува колегите да бидат што поагресивни во пронаоѓање на валканиот материјал и креативно да размислуваат во повторното оживување на франшизите.
Гал и Пати досега соработуваа на филмот „Вондер воман“, но и на продолжението „Вондер вомен 1984“, за кое се надеваме дека премиерата ќе се реализира во декември.