Една од најголемите глобални музички ѕвезди Дејвид Гета го поддржа најновото издание на диџејот Галоски – „Shake It Down“. Темата е реализирана во соработка со српскиот продуцент Ра5тики, а официјално излегува на 15 февруари, преку италијанската издавачка куќа „Арт енд мјузик рекордингс“.

Следната недела веќе е најавена и премиера во радиоемисијата на холандскиот суперстар-диџеј и продуцент Ники Ромеро. Инаку, „Shake it Down“ e првото издание од веќе најавените изданија за 2019 година на Галоски, следно издание е на издавачката куќа на Армин ван Бурен – „Армада мјузик“.

Галоски минатата година имаше настапи во повеќе од 25 земји низ светот, вклучувајќи и настап на реномираниот светски фестивал „Ултрамјузик“во Сингапур.