Вјачеслав Михајлович Молотов бил еден од најблиските соработници на Сталин и како таков во 1934 година заедно со советскиот диктатор потпишал 3 000 смртни пресуди. Молотов во својот живот имал три драматични и стресни ситуации. Првиот пат е кога Сталин ја уапсил неговата жена, вториот пат кога бил осомничен во т.н. афера на белите мантили (кога постоела можност од негова ликвидација) и третиот пат кога ја изгубил битката за власт со Никита Хрушчов.

Молотов последните години од политичкиот живот ги поминал како амбасадор во Улан Батор, главниот град на Монголија. Неговата амбасадорска служба всушност била казна и негово отстранување од советскиот политички живот.

Во монголската престолнина една вечер Молотов имал разговор со полскиот амбасадор во текот на кој бил запрашан како дознал дека неговата жена била упасена. Молотов одговорил дека до сознанието дошол кога едно утро кога по обичај влегол во апартманот на својата жена ( имале два, меѓусебе поврзани) да ја поздрави и да ја праша како спиела. Но во апратманот немало никој и нејзините предмети биле расфрлани. Полскиот амбасадор исто така го запрашал дали нешто презел. Молото одговорил негативно. Тој и неговите деца оставиле се како што било во просторијата на денот на апсењето на Полина Молотова, доаѓале во нејзината соба и плачеле.

Полскиот дипломат исто така запрашал дали Молотов го покренал прашањето за судбината на Полина пред Сталин. Молотов одговорил дека не ни помислил да го стори тоа, затоа што Сталин токму така ќе проценел дали неговата жена е виновна или не.

Молотов живеел 96 години, никогаш не дожиевал мозочен удар или срцев инфаркт. На почетокот од десетата деценија од својот живот, Молотов здрав и ведар по московските улици го однесувал плукањето в лице на минувачите кои го препознавале.

Молотов беше советски политичар и дипломат, стар болшевик и водечка фигура во советската влада во првите децении на 20 век. Тој беше претседател на Советот на народни комесари од 1930 до 1941 година, како министер за надворешни работи од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година. Почина во 1986 година и остро ги критикуваше наследниците на Сталин, особено Хрушчов.