Студиото „Ворнер брос“ потврди дека ќе се снима втор дел на „Аквамен“, откако тој ги надмина очекувањата на компанијата.

Според сегашните информации, „Аквамен 2“ ќе биде продуциран од режисерот на првиот дел Џејмс Ван, а сценариото повторно ќе го пишува Дејвид Лесли Џонсон-Мекголдрик.

Оваа вест не е никакво изненадување, имајќи предвид дека „Аквамен“ стана популарен филм на „Ди-си комикс“, заработувајќи 1,12 милијарда долари на светско ниво, а му претстојат уште неколку недели киноприкажување.

Џејсон Момоа ја играше насловната улога во „Аквамен“. А во филмот се појавуваат Амбер Хрд, Вилем Дефо, Долф Лундгрен, Патрик Вилсон и Никол Кидман.