Откако во октомври минатата година ја промовира првата книга „Енциклопедија за хумор и сатира“, познатиот имитатор и хуморист Војче Китаноски, ја издаде и втората книга со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“.

-Издавањето на оваа книга ми причинува посебно задоволство, бидејќи се работи за книга наменета за најмладата популација. „Антологија на 500 вицеви за деца“ е книга во која на 90 страници се селектирани моите најубави детски вицеви кои сум ги собирал изминатите четири децении и кои сум ги подредил во оваа книга, втора по ред од мојот опус. Со овие вицеви сум гостувал и во телевизиската емисија за деца ЅВОН како и во други телевизиски и радио емисии. Промоцијата на втората книга ќе се случи денес на саемот на книгата а истата ќе биде промовирана и во други градови во земјава а дружбата со најмалите е мојата вечна инспирација –рече Војче Китаноски, најпознатиот наш хуморист и имитатор, кој најави скорешно излегување и на третата своја книга од оваа едиција.

З.А.