Тие користеа купишта книги, детски скутер, одзатнувач на тоалети и други реквизити што им се најдоа при рака, за да ги стабилизираат своите телефони и да ја снимат акцијата во вода

Автори и уметници, како и брендови и нивните агенции, секој ден докажуваат дека и во карантинот креативноста може да преживее, па дури и да напредува. Краткиот филм што го создадоа Уметничкиот совет на Англија и „Би-би-си артс“, како дел од проектот „Култура во карантин“, нѐ води на едно сосема ново, хипнотизирачко ниво. „Лебедово езеро – балет во када“ е, како што говори и името, танц инспириран од „Лебедовото езеро“, а се изведува во када. Всушност, во многу кади. Мора да го погледнете!

Во ова восхитувачко триминутно дело, со музика на Чајковски, танцуваат 27 врвни балетски танчари, кои снимале сами или со помош на партнерите. Корej Бејкер, познатиот кореограф, го осмисли танцот и режираше „на далечина“, од својата бања во Велика Британија, со помош на директорката на фотографија Никол Дели.
– Toa изгледаше како да се обидувате со затворени очи да обесите слика на ѕид, а притоа да сте оддалечени пет метри. Танчарите станаа камермани, сценографи, како и костимографи и помошници за реквизити, а да не споменувам дека наедно изведуваа и кореографија со многу барања. Овие танчари ги претставуваат најпрестижните танцови компании во светот:, како што се „Кралскиот балет“, „Париз опера балетот“ и „Американскиот балет-театар“ меѓу другите. Не само што се восхитувачки талентирани и способни туку се и генијални и вешти. Користеа купишта книги, детски скутер, одзатнувач на тоалети и други реквизити што им се најдоа при рака, за да ги стабилизираат своите телефони и да ја снимат акцијата во вода – вели Бејкер.

Бејкер и неговите соработници се потпреа на апликациите Зум и Про, со импровизирани сталки за да снимаат од посакуваните агли. Тука е и стратегиската употреба на гумени патчиња, базени на дување, обоени храни и птичји пердуви. Многу, многу пердуви! Колку и да е иновативен, перформансот „Лебедово езеро – балет во када“ не е исклучително заслуга на Бејкер.

Тој и неговата екипа „Корej бејкер денс“ имаат репутација дека често бегаат од традиционалната балетска сцена, за да допрат до поширока млада публика, користејќи ги заднините на вистинскиот свет. Режисер на перформансот е Корej Бејкер, директор на фотографијата е Никол Дели, уредник Трејвис Мур, користена е музика од Чајковски, аудиомрежата ја потпишува Данкан Гримлеј, боите Џуди Дејвидсон, додека танцот Клер Кровли.