Обожавателите на филмови и книги треба да се подготват за враќање на еден од најпопуларните серијали „Игрите на гладните“. Новата книга ќе биде објавена овој месец, а официјално е објавено и дека ќе се снима ново продолжение на познатата франшиза.
Филмот ќе биде адаптација на четвртата книга на Сузан Колинс, „Баладата на птиците и змиите“, и ќе го следи животот на 18-годишниот Кориоланус Сноу пред да стане претседател и тиранин на Панем.

Колинс сè уште работи на новата книга, која треба да биде објавена на 19 мај, а претходните филмови исто така беа адаптации на нејзините книги, односно според популарната трилогија.
Дејството на филмот е поставено 74 години пред да започне трилогијата, а ова ќе биде прво продолжение без ѕвездата Џенифер Лоренс. Датумот на премиерата на филмот сѐ уште не е познат, а не е потврдена ниту актерската екипа.

Првите три книги се продадоа во повеќе од 100 милиони копии и беа преведени на педесетина јазици. Врз основа на нив беа снимени четири филма, кои вкупно заработија речиси три милијарди долари и ѝ донесоа огромна популарност на Џенифер Лоренс.