Дизниевиот филм „Враќањето на Мери Попинс“, кој од скоро се прикажува и во скопските кина, ја раскажува приказната за совршената дадилка со посебни волшебни вештини, која дури и рутинските задачи може да ги претвори во незаборавна фантастична авантура. Во најновото продолжение, кое има свеж сензибилитет, но го содржи и духот на оригиналот, Мери Попинс се враќа за да ѝ помогне на новата генерација, за семејството Бенкс повторно да најде радост и чудо по загубата на саканата личност.

Режисер на филмот е Роб Маршал, а главните улоги ги толкуваат: Емили Блант, Лин Мануел Миранда, Бен Вишоу и Емили Мортимер.