Во Јапонија е сосема нормално да се спие на под, а јапонските спални често немаат кревети. Постојат многу причини зошто Јапонците избираат да спијат на подот, а некои од нив имаат неверојатни здравствени ефекти. Јапонците тврдат дека спиењето на под ги ублажува или ги елиминира болките во грбот. Спиењето на тврда површина помага да се спречи и искривувањето на ’рбетот во сон и да се одржи во природна, рамна положба. Спиењето на под може да ја подобри и циркулацијата, бидејќи тежината е рамномерно распоредена насекаде и има помал притисок врз одредени делови од телото. Покрај тоа, спиењето во природна положба спречува и вкочанетост и чувство на пецкање предизвикано од слаба циркулација.
За многумина е тешко да излезат од топлиот кревет и меката перница кога ќе заѕвони алармот. Неретко тој се одложува неколкупати. Но кога спиете на под, имате квалитетен сон што го олеснува будењето и денот ви е полн со енергија. Подот е најтешката површина за спиење. Иако има многу придобивки, постојат групи луѓе за кои не се препорачува. Тука се вбројуваат луѓе што страдаат од алергии, луѓе со коскени заболувања, постари луѓе кај кои подвижноста се намалува со возраста, па затоа може да биде тешко и да станат и да легнат на подот. И лица што не сакаат зима, затоа што е студено лежењето на под.