Локалните власти во италијанскиот кантон Тичино во Швајцарија, продаваат домови за само еден франк, што е нешто помалку од едно евро (57 денари).

Тоа е симболична цена за имотот, чија главна цел е да привлече нови жители во живописното селце Монти Скијага во близина на италијанската граница.

Како што пренесува агенцијата „Танјуг“, на располагање се девет руинирани камени куќи, кои купувачите по склучувањето на договорот се должни да ги реновираат според сите локални прописи.

Куќите се наоѓаат во идилична средина со поглед на езерото Маџоре и имаат и водовод со што реконструкцијата значително се олеснува.