Шангајскиот музеј за астрономија, кој ќе биде најголем планетариум на светот според големината на објектот, ќе биде отворен на 17 јули.
Музејот се протега на површина од приближно 58.000 квадратни метри и се наоѓа во посебната зона за слободна трговија на Кина, Линганг. Новиот музеј е разгранок на Шангајскиот музеј за наука и технологија, пренесува агенцијата Синхуа.
Отворен е и официјален сајт на музејот. Технологиите како визуализација на податоците, проширена стварност, виртуелна реалност и биометриска технологија ќе бидат достапни за да им помогнат на посетителите да стекнат знаење за астрономијата и науката низ интеракција.