Највисокиот хотел во светот беше отворен во Шангај, а беше именуван „Џеј хотел Шангај тауер“. Хотелот со висина од 632 метри се смета за една од највисоките згради во Кина. Има 165 луксузни соби, од кои 34 се апартмани.
Најскапиот апартман е наречен „Шангајски апартман“ и се простира на 380 квадратни метри. Покрај спалната соба, има и салон, работна соба, кујна, просторија за физиотерапија и просторија за облекување.
Најевтината ноќ чини 557 долари, додека ноќта во „Шангајскиот апартман“ чини 10.467 долари. Има седум различни ресторани, од кои едниот се наоѓа на 120-от кат. Исто така, меѓу другото, има и ресторани каде што се служат јапонска и италијанска храна.
„Џеј хотел“ е дел од еден од најголемите кинески хотелски синџири наречен „Џин Џианг интернешенл“. Синџирот е во сопственост на државната комисија за надзор и управување.
И покрај фактот дека пандемијата значително влијаеше на туризмот, низ светот се одржува трка во тоа кој ќе го направи најдобриот и највисок хотел, пишува „Си-ен-ен“.