Рускиот град Верхојанск во Сибир, познат по тоа што има најекстремни температури на светот, забележа рекордни 38 степени, соопшти руската метеоролошка служба.
Градот е сместен во арктичкиот поларен круг, во Јакутската Република, околу 4.660 километри североисточно од Москва.
Верхојанск со околу 1.300 жители го држи Гинисовиот светски рекорд како град со најголеми температурни разлики, кои се движат и до 105 степени.
Најниската забележана температура е минус 68 степени, а досега највисоката 37,2, пренесува АП.
Поголемиот дел од Сибир оваа година имаше невообичаено високи температури, кои некаде предизвикаа и пожари.