Ако размислувате да патувате во Јужна Кореја, Сеул е место што не се пропушта. Во овој град речиси сè е отворено 24 часа и не може никогаш да ви стане досадно. Тука се вбројуваат ресторани, кафулиња, барови, бањи и велнес- центри, па дури и трговски центри. Во овој град можете да вкусите сананки или жив октопод. Сананки е сашими-октопод што се јаде жив. Се сервира додека пипалата на октоподот сѐ уште се движат.
Исто така рестораните во Сеул се познати по маси што се исклучително ниски, но има добра причина за тоа. Причината за ова е што традиционалните ресторани сè уште ја ценат традицијата на подно греење за да ве стоплат.
Некои алкохолни пијалаци се поевтини од водата. Љубителите на Сеул го претпочитаат алкохолниот пијалак наречен соја.
Пијалакот има неутрален вкус и наликува на вотка, но нема да ве опие силно затоа што има многу помалку алкохол. Иако можете да го најдете во варијанти од 16 до 58 проценти алкохол и, интересно, овој пијалок во Сеул е поевтин од водата.
Бањите се претежно отворени 24 часа. Значи, ако не ви се допаѓа да спиете ноќе или ако не знаете што да правите во текот на денот, посетете џимџилбанг, традиционална бања во која не смеат да влегуваат луѓе од различен пол. Значи, жените и мажите уживаат одделно, а има и различни видови базени, масажи, сауни и заеднички спални соби. Но голотијата е задолжителна.