Компанијата „Мози џувелри“ од Санкт Петербург креирала луксузна заштитна маска за оние со подлабок џеб и со префинет вкус. Станува збор за маска за лице направена од бело злато, обложена со дијаманти, а цената е 110.000 евра.
Основачот и креативен директор на компанијата Дмитри Кузњецов покажал како изгледа овој ексклузивен дизајн. Тој ја измислил маската за време на пандемијата на коронавирусот.
– За да ја обележам оваа посебна година одлучив дека треба да направам нешто посебно, маска што ќе потсетува на периодов. Сакав да создадам нешто интересно, а не само маска со филтер – вели дизајнерот.
Маската е украсена со 3.750 дијаманти и 450 грама бело злато, а тежи половина килограм.
Според Кузњецов, на почетокот компанијата не верувала дека ќе најде купувач за овој скапоцен предмет, но на големо изненадување, откако маската ѝ била претставена на јавноста, веднаш ја купил приватен колекционер на накит.