„Појадок кај Тифани“, снимен според книгата на Труман Капоте, се вбројува меѓу најдобрите љубовни филмови на сите времиња и е еден од култните филмови што и денеска со задоволство се гледа, за што секако е заслужен режисерот Бјек Едвардс.
Ликот на Холи Голијатли го игра славната Одри Хепберн. Но на почетокот таа улога не ѝ била наменета нејзе. Режисерот Едвардс сакал ликот да го игра славната Мерилин Монро, но поради нејзиното проблематично однесување се откажал од идејата.
Одри одлично се снашла и ликот на Холи го донела на вистинскиот начин, а за изведбата на песната „Moon River“, која е напишана така да му одговара на нејзиниот вокал, филмот доби „оскар“ за најдобра оригинална музика.