Има ли шанси легендарниот агент 007 во новиот филм да го игра жена? Во кулоарите веќе почна да се шушка дека Даниел Креиг наскоро би можел да се прости од ликот на Џејмс Бонд, а тоа, пак, предизвика низа шпекулации. Една од нив е дека наредниот агент 007 може да биде црнец, а како една од можностите се споменуваше актерот Идриз Елба. Меѓутоа, имаше и тврдења дека во новиот 25-ти филм за Бонд, најпознатиот таен агент на светот би требало да го игра жена, а како една од можните опции, се споменува црномурестата Лашана Линч.

Таа не е странец во филмовите во кои жената има машка доминација. Имено, таа пред извесен период глумеше заедно со Алисон Брие во филмот „Капетан Марвел“, каде што ја играше Марија Рамбеу.