Во музејот „Чинсекјан“, што во превод значи „Музеј на интересни камења“ во Јапонија се наоѓаат околу 1.700 камења со интересни облици, од кои 900 наликуваат на човечки лица. Меѓу другите, таму има камења што личат на Елвис Присли, на Ити, Мадам Тисо и Исус Христос. 

Музејот е отворен од страна на Шозо Хајама, кој повеќе од 50 години собирал камења со интересни форми. По неговата смрт во 2010 година, музејот го управува неговата сопруга, Јошико Хајама. 

Сопругата на Шозо, Јошико Хајама

Камењата наликуваат на голем број вистински и измислени славни личности, меѓу кои Рибата Немо, Донки Конг, Мики Маус, а има и колекција од камења кои личат како да пеат во хор. 

Хорот од камења

Сите камења што се наоѓаат во музејот воопшто не се воопшто и се изложени онака како што се најдени од Шозо. Тука природата е единствениот уметник. 

Се претпоставува дека Шозо имал пареидолија – феномен на гледање лица онаму каде што ги нема.