Брод од времето на цивилизацијата на Маите е откриен во пештера во југоисточно Мексико и тоа е првиот чамец што е пронајден во целосна состојба, соопшти тамошниот Институт за антропологија и историја.
Досега археолозите во Мексико откривале само делови од чамци на Маите. Пронајдениот брод, стар околу 1.000 години, е зачуван благодарение на локацијата.
Работниците што ја истражувале земја за изградба на нови патишта во Јукатан, регион на цивилизацијата на Маите, откриле скриена пештера, а на дното на бездната имало вода. Пештерата се наоѓала под површината на водата и во неа бил пронајден дрвениот чамец долг 1,60 метар и широк 80 сантиметри.
Со дополнително тестирање треба да се утврдат точната старост на чамецот и потеклото на дрвото од кое е направен.