Активисти на група што бара јавна истрага за односот на британската влада кон пандемијата деновиве цртаат 150.000 срца на ѕидот спроти британскиот парламент во Лондон, во спомен на починатите од ковид-19. Целта е да им се помогне на семејствата на жртвите од пандемијата.
Муралот треба да се протега стотици метри по должината на јужниот брег на реката Темза, пред болницата „Сент Мери“, каде што премиерот Борис Џонсон беше сместен на одделот за интензивна нега минатата година кога се разболе од ковид-19.
– Секое срце е насликано рачно и целосно уникатно, како и најблиските што ги изгубивме – вели Мет Фаулер, еден од основачите на групата.
Британската влада вети дека ќе им подигне споменик на жртвите на коронавирусот кога ќе заврши пандемијата.