Данска без маски, ковид-тестови и тестирања

Данска ги укина сите пандемиски мерки, а во неделата на стадионот „Паркен“ во Копенхаген беше одржан и концерт на популарната постпанк-група „Д Мајндс оф 99“ и како во добрите стари времиња на концертот имаше 50.000 луѓе.
Со оглед на високиот процент вакцинирани, над 80 проценти, посетителите на концертот не носеа маски и не држеа дистанца. Во најавите за концертот се напоменуваше дека пушењето ќе биде забрането, како и внесување пиротехнички средства, но немаше ни збор за мерките поврзани со коронавирусот.
Данските власти во изминатиот период постапно ги укинуваа противпандемиските мерки, а на крајот прогласија и дека ковид-19 веќе не се смета за „закана за општеството“, па ги укинаа и ковид-потврдите.