Најчудните превозни средства

Најчесто се патува со автобуси, такси, возови и други вообичаени превозни средства. Сепак, постојат неколку невообичаени и зачудувачки превозни средства низ светот како јавен превоз, според списокот направен од „Травел магазин“.

5. Жичница во Сан Франциско
На петтата позиција е класиката. Кога се споменува Сан Франциско, невозможно е да не помислите на „жичницата“, симбол на градот од некое минато време, која се качува и се спушта по вртоглавите падини на градот.
Жичниците се составен дел од наследството на Сан Франциско, но исто така и на колективната имагинација, истакнати филмови и фотографии. Тие се и основен и автентичен систем за јавен превоз, кој, според некои процени, го користат околу 30 проценти од граѓаните на Сан Франциско.
Жичницата е воведена во 1873 година, а денес сѐ уште работат само неколку линии, кои имаат статус на национален споменик од 1964 година.
Најпознати маршрути се Пауел-Мејсон и Пауел-Хајд, а со жичницата можете да стигнете до многу големи атракции, како што се „Фишерменс вхарф“, плоштадот „Гирадели“ и „Лобард стрит“.

4. Џипови на Филипините
На четвртата позиција се познатите џипови на Филипините. По Втората светска војна, Соединетите Американски Држави, кои воено ја окупираа територијата на Филипините, ги оставија своите џипови зад себе.
Овие напуштени џипови најдоа друг живот, станувајќи систем на јавниот превоз. Џиповите функционираат како автобуси, а се украсени со светли бои и со разни украси. Ако одите на Филипини, не пропуштајте возење со нив!
3. Чамци со трска во Перу
На третото место се чамците со трска (тотора) во Перу. Покрај езерото Титикака, на границата со Боливија, индиските заедници Ајмарас и Урош користат тотора, растение „братучед“ на трска, кое може да порасне и до 10 метри, за изградба на вакви бродови. Овие чамци се сигурни затоа што трската тотора е многу отпорна на вода и е многу силна кога се плете.

2. Бамбусов воз во Камбоџа
На второто место е бамбусовиот воз во Камбоџа. На неколку километри од градот Батамбанг, се чини дека пругите се напуштени. Сепак, станиците расфрлани низ целиот регион сведочат за нивната активност кога работниците биле водени од возови од бамбус за да ги поправат оштетените делови од пругите. Денес „бамбусовиот воз“, или нори, е голема туристичка атракција, а патниците се согласуваат дека искуството вреди.

1. Ескалатори во Хонгконг
Златниот медал оди за ескалаторите во Хонгконг. Да, тие навистина се системи за јавен превоз, кои им овозможуваат на луѓето да се движат од една во друга зграда, без да стапнат на земја.
Не е невообичаено улиците да бидат наредени со пешачки мостови и подвижни скали за да се олесни движењето на локалното население. Бидејќи центарот на островот е делумно покриен со планини, овие необични превозни средства се многу корисни за искачување по падината без да се троши енергија.