Шума скриена во залив на островот Папуа во Индонезија со векови е свето место за локалното население, кое оди таму да собира школки и да споделува приказни. Мажи не смеат да влегуваат во шумата, а секој што ќе се осмели да се обиде да влезе, го казнуваат. Натрапниците се соочуваат со казни до 69 американски долари, сума што тие најчесто ја плаќаат со полирани камења.
– Оваа шума отсекогаш била само за жени, тоа е така многу време пред да се родам. Правилата тука секогаш биле исти. За да влезете во женската шума, мора да бидете голи. Не смеете да носите облека. Мажите што и само да ѕиркаат, добиваат казна. Ги носиме пред племенскиот суд – вели Адријана Мерауџи.

Сепак, мажите не претставуваат закана за шумата и традицијата со векови, туку за загадувањето на животната средина. Ова свето место за жени неодамна беше загрозено. Шумската област е двојно помала отколку пред 50 години. Океанот е различен од порано.
– Нашиот океан беше прекрасен, чист како солза, но сега, за жал, е загаден поради ѓубре. Отпадот од пазарот во градот завршува тука кога врне. Честопати се прашувам што се случи со нашиот океан. Женската шума е многу важно место за нас во заливот. Не можеме да живееме без шума. Ние постојано ќе доаѓаме секој ден и ќе бараме школки. Тука жените си се доверуваат една на друга. Никогаш нема да се предадеме – додава Адријана.
Жените вообичено продаваат школки на блискиот пазар. Но тие го имаат својот мир во шумата.
– Кога плимата е мала, сите сме заедно. Ги покануваме пријателките да дојдат во шумата со брод. Кога сме во шумата, се чувствуваме слободно, нема мажи. Ние жените сме сами. Слободно споделуваме приказни со постарите. Нуркаме во морето, бараме школки во калта – вели Ату Румбојруси.