Белгиската зоолошка градина е побогата за две бебиња на џиновска панда, вид кој се смета за еден од најзагрозените на планетата.

Женката Хао Хао, која зоолошката градината ја позајми од Кина во 2014 година, донесе на свет две здрави младенчиња, соопштија од зоолошката „Паири Даиза“.

„Мечињата близнаци“ се родени на 8 август (08.08), а од зоолошката посочуваат дека бројот 8 важи за исклучително среќен во кинеската култура.

Тие се втора и трета панда, родени во таа зоолошка.