Археолози откриле добро сочувана статуа и сандаци, изработени од квалитетен варовник, во новооткриената гробница во една од пирамидите во Гиза, во Египет.

Според процените, една од најстарите гробници датира од 2.500 година пред новата ера.

– Двете лажни врати што ги пронајдовме внатре се направени од квалитетен материјал. Се верува дека тука се погребани двајца мажи, еден свештеник и едно високо официјално лице – вели Мустафа Вазири, генералниот секретар од Врховниот совет за антиквитети на Египет.

Во гробницата се наоѓаат статуи и дрвени маски. Натписот покажува дека тука е погребан Бенуи-ка, кој служел како свештеник и судија. Тој бил во служба на неколку фараони. Другиот маж се вика Нви и бил поглавар на цела една област.