Во Венеција почна вакцинирање против коронавирусот во водни такси-чамци за лица постари од 80 години.
Популарниот вапорето со необична црвена боја се стационира на местото каде што вообичаено застануваат бродовите за туристите, а граѓаните мирно стојат во ред за вакцинирање, пренесува агенцијата „Анса“.
Официјалниот претставник за здравство на Венеција, Едгардо Контато, изјави дека оваа мерка е воведена за да им се доближи вакцината на постарите лица што живеат во изолираните делови на градот.
Како што се наведува, меѓу другите, вакцинирани се постарите граѓани од островите Сант Еразмо, Мурано и Изола дела Вињоле.