Нови бараки за швајцарската гарда во Ватикан, елитна единица што го штити папата, ќе бидат направени и за гардистки, иако сѐ уште не е добиена официјална дозвола за тоа, објави швајцарскиот весник „Зонтаг цајтунг“.
Речиси сите гардисти се мажи самци, кои живеат во бараки во внатрешноста на ѕидините на Ватикан, а командантите, кои се женети, и оженетите членови живеат во одвоени апартмани. Сите се Швајцарци, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Овој проект чини 54,4 милиони долари, а треба да биде завршен до 2026 година, кога гардистите ќе имаат подобри услови за живот и бања во секоја соба.
– Од почетокот беше важно во новиот објект да има и место за жените во службата – изјави Жан Пјер Рот, шеф на фондацијата што го надгледува реализирањето на проектот.
Инаку, дозвола и гардистки да бидат во служба во Ватикан треба да даде папата.