Најмалку 30 проценти од сите видови дрвја во светот се изложени на истребување, двојно повеќе од загрозените цицачи, птици, водоземци и влечуги заедно, се вели во новото сеопфатно истражување. Извештајот за состојбата на дрвјата во светот, објавен од организацијата „Ботаник гарденс конзервејшн интернешнел“, откри дека 17.500 вида дрвја, од вкупно 58.497 вида во светот, се под ризик од истребување. Околу 142 вида веќе исчезнале од дивината, додека 442 се на самиот раб на исчезнување, а преостанати се помалку од 50 индивидуални дрвја.
Главните закани за видовите дрвjа се расчистувањето на шумите и други форми на губење на природата, директна експлоатација на дрвјата и други производи и ширењето на инвазивни штетници и болести. Климатските промени, исто така, имаат јасно мерливо влијание.
Илјадници сорти дрвjа во првите шест земји во светот со разновидност на видови дрвjа се изложени на ризик од истребување. Најголем број има во Бразил, каде што се загрозени 1.788 вида – се наведува во извештајот на организацијата.