Изградбата на највисокиот дрвен облакодер во Европа е планирана во Берлин и тој веќе беше наречен кула „ВоХо“. Оваа зграда од 29 ката ќе биде висока 98 метри. За нејзината изградба ќе се користи вкрстено ламинирано дрво, а станува збор за многу цврст градежен материјал. Материјалот е отпорен на пожар и е многу поеколошки. Бетонот ќе се користи само делумно. Тоа е значајно поради фактот дека осум проценти од стакленичките гасови во светот се генерираат од производството на бетон.
Треба да се напомене и дека дрвото апсорбира јаглерод, а употребата на дрвени материјали при изградба на згради и мостови би придонела за 31-процентно намалување на јаглерод диоксидот во светот.
Вкрстеното ламинирано дрво се користи во градежништвото подолго време. Тоа било користено во изградбата на зграда од 25 метри во Орегон и мост во Квебек.
Светскиот економски форум истакна дека до 2050 година, 68 проценти од светската популација ќе живее во градовите. Затоа, се поставува прашањето дали дрвото ќе биде клучен ресурс во градежништвото.