Рудари во западна Австралија ископаа два огромни камења кои вредат повеќе милиони долари поради содржината на злато што се проценува дека е тешка над 113 килограми.

Поголемиот камен има вкупна тежина од 95 килограми, a содржи 2.400 унци или нешто помалку од 69 килограми злато.

Кај помалиот примерок со вкупна тежина од 63 килограми измерени се 1.600 унци или нешто повеќе од 45 килограми злато.

Камењата освен од злато биле составени од кварц.

Од канадската компанија „РНЦ минералс“, која го експлоатира рудникот „Калгурли“, соопштија дека ваквите примероци се исклучително ретки и дека вредноста на ископаното злато се проценува на 11 милиони долари.