Животни

Миленичињата, како и децата, бараат внимание. Вниманието е исклучително важно за нивното физичко и ментално здравје, но сопствениците често прават грешки што можат да доведат до голем број проблеми во однесувањето.
Брзо купување: Домашно милениче може да ве направи многу среќни, но со текот на времето може да стане и голема обврска кога ќе исчезне почетната еуфорија. Ако не знаете како да се справите со таквата одговорност, бидете сигурни дека вашето животно ќе го почувствува тоа.
Непочитување на правила: Мора да постојат правила на однесување. Замислете пример во кој вашиот партнер дозволува кучето да дојде во вашиот кревет, а вие го оттурнувате од него. Како резултат на тоа, вашиот миленик ќе биде многу збунет и нема да знае како да се однесува. Седнете со партнерот или целото семејство и разговарајте за правилата.
Недостиг од движење: Недостигот од движење може да има негативни последици за вашето домашен миленик и може да стане немирен, деструктивен, хиперактивен и непријателски кон вас. Ако имате куче, треба да знаете дека му се потребни најмалку две прошетки по триесет минути дневно.
Долготрајно оставање: Секој сопственик има свои одговорности и нормално е да ги оставите миленичињата сами, но тоа не треба да биде подолго од неколку часа. Отсуството од цел ден може да предизвика вознемиреност и деструктивно однесување.