Во Белград синоќа е фатена европска сива волчица. Се уште не е познато од каде дошла и како завршила на белградските улици, но веројатно тоа ќе го потврди истрагата на српското Министерство за внатрешни работи.

Волчицата не покажала агресивност. Според првичните проценки таа е во одлична здравствена состојба.

Сместена е во зоолошката градина во Белград.