Во светот во полн ек е трката да се создаде најбрзиот воз. Најновите вести од Јужна Кореја доаѓаат од истражувачкиот железнички иститут (КОРАИЛ), кој објавил дека нивниот најнов воз во текот на еден тест достигнал брзина од над 1.000 километри на час.

Оваа брзина што ќе може да ја развие новиот воз е слична на брзината на авионите што патуваат од Европа до Азија. Авионите летаат со брзина од 800 до 1.000 километри на час.

Корејски институт за истражување на железници (КОРАИЛ продолжува да ја подобрува својата технологија и според нивниот план, изградба на патеки и возовите за масовна употреба ќе започне во 2022 година.