Благодарение на големиот број контроверзии, филмот за дизајнерката е толку динамичен, див и полн со детали што многу впечатливо ги илустрира ликот и
делото на Вивијан Вествуд

Како да се снима документарец за некоја личност што сака да биде пред камера, ама не сака да зборува за себе. Режисерката на филмот „Вествуд: панк, икона, активистка“, Лорна Такер, открива куриозитети зад кулисите на снимањето на оваа возбудлива приказна за луцидната, екстравагантна британска дизајнерка Вивијан Вествуд.
Додека позира во индигосин фустан, сместена во удобна виолетова фотелја, Вивијан во свој стил вели дека е најдобро да ѝ дозволат да зборува за она што сака, но дека не сака да зборува, бидејќи тоа ѝ е многу досадно.

Вивијан Вествуд е сè освен обична креаторка. Родена во 1941 година, оваа контроверзна опсежна уметница отсекогаш ја интересирале многу работи, па била и менаџерка за продажба, членка на групата „Секс пистолс“, се занимавала со активизам и, пред сè, негувала специфичен стил со кој ги диктирала трендовите, но и ги поместувала границите на модната индустрија.
Оваа силна дама, која исто така ја нарекуваат олицетворение на панк-естетиката, ја канализира љубовта кон применетата уметност и модата со создавањето бренд за висока мода, со кој подоцна стана планетарно позната. Главната карактеристика на нејзиниот стил е, секако, бунтовната нота прикажана преку панк-естетиката.
– Сепак, за време на својот бурен живот и возбудлива кариера, Вивијан помина низ многу фази и беше вистински предизвик да се изберат најинтересните моменти од таа животна лента и да се спакуваат во документарен филм во времетраење од 80 минути – вели режисерката.
Како млада самохрана мајка, во 1965 година се запознава со Малколм Мекларен, кој во тоа време е студент по уметност. Наскоро тие стануваат двојка и за краток временски период добиваат и дете, стануваат родители на Џон Кореја, кој исто така се појавува во филмот и кој открива некои интригантни детали за животот на својата мајка.

До 1971 година, Вивијан и Малколм почнале да продаваат плочи, облека и други интересни предмети во продавницата „Лет ит рок“ во Лондон. По бурните 1970-ти години, многу контроверзии, кулминации и падови, Вивијан се врти кон модата. Нејзиниот бренд се шири со голема брзина, така што во 1992 година кралицата Елизабета за една свечена пригода нарачува костум со здолниште што отстапува од нејзиниот типичен стил, кој го стилизира со елегантна шапка.
Вествуд силно ја прифати високата мода, обидувајќи се да ја деконструира британската историја преку својата работа и храбри креации. Поради тоа, многумина ја презираат, одбивна им е, но, од друга страна, исто толку ѝ се восхитуваат. Благодарение на големиот број контроверзии, овој филм е толку динамичен, див и полн со детали што многу впечатливо ги илустрира ликот и делото на Вивијан Вествуд.