Домување

Портокаловата боја придонесува за позитивна енергија во животот, има мотивирачки ефект и ни помага да се свртиме кон позитивните аспекти на животот. Оваа боја влијае на активноста на луѓето и ги зајакнува концентрацијата и волјата за учење, затоа често се користи во терапија за стимулација на енергија кај луѓе што се чувствуваат уморни, изгубиле енергија и ентузијазам, бидејќи има заживувачко дејство и ја поттикнува менталната активност.

Според психолозите, оваа боја зрачи со топлина и енергија, но за луѓето што често се изложени на стрес и за оние што се склони кон агресивно однесување или конфликти, оваа боја не се препорачува во поголема мера.

Портокаловата боја на ѕидовите бара внимателен избор. Бидете внимателни да не доминира премногу во просторот, но комбинирајте ja така што ќе изгледа хармонично. За ѕидовите изберете тон или две посветла нијанса од онаа што ви се допаѓа, бидејќи бојата изгледа потемна кога ќе се исуши на поголема површина. Ако, пак, сакате интензивни нијанси, не штедете, туку изберете дисперзивни, покривни бои.