Лани, кога пандемијата ги оневозможи масовните посети на туристите, жителите на Венеција како да живееја во некој друг град, оној што им припаѓа, колку и на туристите што ги истиснуваат од нивните плоштади, улички, па дури и од становите.
Во тивкиот град, ѕвонењето на 100 ѕвона, заплиснувањето на водата од каналите и венецискиот дијалект одеднаш станаа доминантни звуци. Крузерите што дотогаш истоваруваа илјадници посетители и предизвикуваа штетни бранови во потонатиот град исчезнаа.
Но, како што пишува „Њујорк тајмс“, сега градските власти ја зголемија контролата над огромните мешаници на повисоко ниво, воведувајќи високотехнолошки решенија. За таа цел користат стотина надзорни камери за набљудување на посетителите и за спречување на нивното собирање во толпа.
Следното лето во план е инсталирање порти на клучните влезни места. Како што е потврдено, посетителите што одат само на еден ден ќе мора да резервираат однапред и да платат надомест за посетата. Но ако има преголем број, некои од нив ќе бидат одбиени.
Градоначалникот Луиџи Бругнаро и неговите сојузници велат дека целта им е да создадат град погоден за живот на неговите жители.