Дино Милосављевиќ

Љубителите на ритамот и на квалитетната музика и верната публика на единствениот фестивал на тапанари на Балканот „Друм дум фест“, што се одржува во Лесковац, Србија во јули, и оваа година ќе имаат можност бесплатно да уживаат во мајсториите на најдобрите тапанари од регионот. Наспроти преполовениот буџет, фестивалот и годинава ќе биде под ведро небо и отворен за сите што ја сакаат музиката. Како и досега организаторот – „УГ Музичка комуникација“, на публиката ќе ѝ го понуди најдоброто од Балканот, кога станува збор за овој вид музичари, но секако и оние другите што ги придружуваат.

Во дворот на куќата на семејството Шоп-Ѓокиќ, жителите на Лесковац и
гостите од други градови, на втората фестивалска вечер, на 14 јули, ќе имаат можност да уживаат во мајсториите на еден до најдобрите тапанари во регионот – Дино Милосављевиќ од Скопје, кој веќе 18 години настапува за едно со Влатко Стефановски. Со него на сцената ќе биде и басистот Ѓоле Максимовски, заедно со Стефановски, една од најголемите ѕвезди на бившата југословенска рок-сцена и водачот на „Леб и сол“, инаку чест гостин во Лесковац во последниве години.
Топлата атмосфера, врвниот квалитет на музицирање и хитовите со кои растеле многу генерации се гаранција за извонреден музички настан, велат организаторите на „ДД-фестивал“.