„Вирџин галактик“ ги одложи туристичките вселенски летови

Компанијата „Вирџин галактик“ ги одложи своите туристички летови во вселената за 2022 година. Надежта за патување во вселената во текот на 2021 година речиси исчезна по неуспешното тест-палење на моторот во декември 2020 година, поради што е направен чекор наназад, а сега и официјално беше потврдено дека дефинитивно нема да се патува во вселената во текот на оваа година.
Одлучено било да се преместат плановите во 2022 година, бидејќи новиот тест на моторот нема да се изврши до мај, половина година по првиот обид.
Претходно се очекуваа тест-летови ова лето, вклучувајќи и еден со четири лица, а беше предвидено да патува и основачот на компанијата, сер Ричард Бренсон. Исто така, после тоа се планира подобрувања на леталата „Спејсшип 2“ и „Вајтнајт 2“.
Сепак, „Вирџин галактик“ потврди дека на 30 март ќе го претстави своето ново вселенско летало наречено „Спејсшип 3“.