По извонредниот концерт на битолската поп дива Каролина, четврток љубителите на музиката во Битола и регионот ќе имаат можност да уживаат во уште еден музички спектакл.

Во рамките на битолското културно лето Бит Фест 2018” а во организација на битолското комерцијално радио Радио Б -97 и покровителство на Опшштината Битола, во античкиот театар Хераклеа в четврток, на 16 август, гостува светски познатата музичка група Њујорк Џипси Олл стар” од Њујорк, САД и виртуозот на кларинетот Исмаил Лумановски – Смајко.

Со овој концерт всушност ќе се оствари детскиот сон на Исмаил Лумановски да има свој целовечерен концерт со својот познат бенд во античкиот театар Хераклеа.

Според интересот за концертот сите прогнози се дека Хераклеја ќе биде претсена да ги прими сите кои сакаат во живо да го проследат овој спектакуларен концерт.

Од страна на организаторот информираат дека во претпродажба се продадени над 2.000 влезници по цена од 150 денари. За овој спектакуларен концерт според организаторот на истиот се бара влезница повеќе.

Иако како музичар со неговата група има настапувано на најголемите светски музички сцени во Виена, Њујорк, Парис, Абу Даби, Тунис, Вашингтон, Пекинг, Луцерн, Кливленд, Аргентина, Австралија, Берлин, Лондон… сепак најголем животен сон на Исмаил Лумановски беше еден ден да настапи во античкиот театар на Хераклеја со својот бенд.

Тој сон, благодарение на поддршката на локалната самоуправа ќе му се оствари четврток на 16 август, кога со почеток во 21 часот ќе го одржи својот прв солистички концерт на Хераклеја.

Инаку Исмаил Лумановски за овој концерт специјално се подготвува доста долго.

Тој за концертот ги прилагоди во нова верзија неколку песна за Битола, кои љубителите на музиката ќе имаат можност за прв пат да ги слушнат.

Групата Њујорк Џипси Олл старс утре пристигнува во Битола од Косово, каде имаа два концерти.

Пред концертот тие ќе имаат прием кај градоначалничката на Битола Наташа Петровска, која е една од најзаслужните за одржувањето на овој исклучителен концерт.

Исмаил Лумановски годинава стана добитник на највисокото признание на Битолски весник во рамките на Манифестацаијата “Избираме најуспешни битолчано 2017” од областа на музиката, прзнанието “Ајри Демировски”, кое се доделува посмртно во чест на авторот на песната Битола мој роден крај, Ајри Демировски.

М.М.