Химните на светските првенства секогаш се составен дел на фудбалскиот фолклор. Во спомените на секој фан остануваат настапи како „Едно италијанско лето“ на Џана Нанини и Едоардо Бенато, „Купот на животот“ на Рики Мартин, „Вака Вака“ на Шакира и други.

Химната на Мундијалот 2018 година во Русија ќе ја изведе американскиот актер и пејач Вил Смит.

Ѕвездата од филмовите „Мажи во црно“, „Денот на независноста“ и „Лошите момци“, објави своја слика со пејачот и текстописец Ники Џем, кој работел и со Енрике Иглесијас.

Песната за СП во Русија 2018 ќе биде официјално презентирана за време на викендот.