Семејството на Вил и на Џејда Пинкет Смит ја доби наградата „Робин Вилијамс – наследство oд смеа“ на виртуелна церемонија одржана минатата недела.
Ѕвездата на „Мажи во црно“ неодамна сподели видео на Инстаграм на кое тој и неговите најблиски му оддаваат почит на покојниот комичар и на неговото животно дело.
– Тој влијаеше на нашите животи генерациски – вели Смит во видеото.
На Вил и на Џејда им се придружија нивната ќерка Вилоу (19) и синот Треј (27), иако трофејот сѐ уште не стигнал до нивната семејна куќа поради пандемијата на коронавирусот.
Наградата ја додели добротворната организација на Глен Клоуз, а семејството Смит го избраа децата на покојниот Робин Вилијамс, Зак и Зелда.