Со продолжување на продукциите во Холивуд, двократниот кандидат за „оскар“ Вил Смит (52) облече тениски тренирки за да го портретира таткото на двете спортски легенди Серена и Венус Вилијамс.
Биографскиот филм за Ричард Вилијамс, насловен „Крал Ричард“, деновиве продолжи да се снима, откако продукцијата беше запрена поради ковид-19.
Токму затоа папараците ги опседнаа тениските терени во Лос Анџелес, каде што се снима филмот, и го уловија Вил Смит како се насмевнува додека оди на сетот во бела облека, подготвен за снимање сцена на отворено.
„Крал Ричард“ го следи животот на Ричард Вилијамс, кој сега има 78 години, за време на неговите помлади години, кога им бил главен тренер на двете ќерки.