Викторија Бекам постојано се ангажира, дури и за време на карантинот поради коронавирусот, беше посветена на работата.

Најново е дека Викторија Бекам ќе ја дизајнира венчаницата на Никола Пелц, девојката која неодамна ја запроси нејзиниот најстар син, Бруклин Бекам, објави Дејли Меил.

Дизајнерката вели дека работи на креирање на фустанот, а нејзината идна снаа, наводно е возбудена што сето тоа се случува во кругот на семејството.

Според списанието „Сан“ Никола одлучила Викторија да ѝ ја дизајнира венчаницата и покрај тоа што може да си дозволи да избере кој било познат моден креатор.

Бруклин неодамна ги збуни обожавателите со тоа што Никола ја нарече „сопруга“ на социјалните мрежи, но тие сè уште немаат стапено во брак.