Викиншкиот меч пронајден на архипелагот Оркни, Шкотска, е редок, возбудлив и комплексен артефакт, велат археолозите. Мечот беше пронајден во 2015 година на североисточниот брег на островот Папа Вестреј и во моментов внимателно се анализира. Археолозите сега го идентификуваа овој објект како тежок меч поврзан со 9 век. Реликвијата била кородирана, но рендгенските снимки откриле дека е богато украсена. Контрастните метали биле користени за да се направи шаблонот, а археолозите што го анализирале мечот тврдат дека има богата приказна.
Археолозите Ендрју Морисон, Керолин Патерсон и д-р Стивен Харисон веруваат дека повеќе детали за мечот ќе бидат откриени во наредниот период.
– За да се зачува што е можно повеќе материјал, ги подигнавме целиот меч и околната земја во блок за да бидат транспортирани во лабораторија и форензички обработени таму. Толку е кревко што сè уште не знаеме како изгледа неговата долна страна, така што нашето разбирање на мечот дефинитивно ќе се промени во наредните месеци. Железото кородираше, но многу детали се видливи на рендгенските снимки – велат археолозите.
Исто така биле пронајдени и докази за обичаите на погребување на викинзите со користење чамци. Археолозите веруваат дека гробниците припаѓаат на првата генерација норвешки доселеници на Оркни.