Викинзите имале еден вид рап-дуели во кои двајца соперници разменувале навреди

Широко е распространето верувањето дека викинзите носеле шлемови со рогови, меѓутоа тоа е далеку од вистината. Овој детаљ, најверојатно, потекнува во текстовите и сликите од 19 век. Хигиената била една од најважните нивни карактеристики. Археолошките наоди откриваат прибори за бричење, чешли, па дури и чепкалки за уши. Викинзите се капеле барем еднаш неделно, што е повеќе од другите Европејци во тој период. Познато е дека викинзите ја бојадисувале својата коса. Нордиските жени имале повеќе права од другите жени во тој период. Имале право да се разведуваат и да наследуваат земјиште и имот.

Нордијците биле извонредни и неверојатни ковачи. Тајната за перфектното изработување на нивните оружја, особено на мечовите, до ден-денешен не е одгатната и ги фасцинира дури и денешните ковачи. Нивните оружја честопати биле именувани и наследувани од генерација на генерација во семејството и многу се ценеле. Поезијата била високо вреднувана од викинзите и се верувало дека е дар од богот Один. Од почетокот на петтиот век, викинзите имале еден вид рап-дуели во кои двајца соперници разменувале навреди. Најчесто во дуелот се напаѓале кукавичлукот и лошите особини на противникот.

Овој нордиски народ имал силно верување во задгробниот живот. Нивните погребите најчесто биле во големи воени бродови, во кои покрај телото на починатиот, биле поставени неговите лични работи, накитот, оружјето, а честопати во смртта го придружувале неговите најблиски или пак, неговите робови. Викинзите верувале дека душите на храбрите воини ќе бидат однесени од валкирите (жени воини на врховниот бог Один) во Валхала, каде што заедно со боговите и нивните предци ќе се гоштаваат до Рагнарок, апокалиптичен настан што го симболизира крајот на светот.
Околу 20 отсто од англиските зборови коренот го имаат од стариот нордиски јазик. Во Шведска има долина во која народот говори на стар нордиски дијалект, кој преживеал од ерата на викинзите.